Започна судењето за „Ликвидација“

Од:

Само што започна, беше прекинат судскиот процес за „Ликвидација“, во кој е обвинет и новинарот Томислав Кежаровски за откривање на идентитетот на заштитен сведок.

Паузата на процесот беше на барање на адвокатите, кои оспоруваат две работи во обвинението напишано на цели две страни.

Адвокатите сметаат дека не може да се води процес по точката за злосторничко здружување, за кое што се потребни тројца, а во овој случај се обвинети двајца. Адвокатите до судот имаат и замерка за обвинението кое се однесува на противзаконско посредување, кое во 2011-та година не постоело како такво во Законот.

Судот даде пауза додека се изјасни по забелешките на адвокатите.

Во овој процес се обвинети осуммина, актуелен судија и актуелен истражен судија кои работеле на случајот „Ореше“, еден судија во пензија, двајца адвокати, двајца угостители и еден новинар.

Томислав Кежаровски, новинар од „Нова Македонија“, е обвинет за откривање на идентитетот на заштитен сведок „Бреза“ кој подоцна призна дека бил присилен да сведочи, односно дека е лажен сведок.

Процесот го следат и странски амбасади, невладини организации, како и светските меѓународни новинарски организации кои упатија критики за апсењето и долгиот притвор на новинарот.

Би можело да ве интересира

Објавено видео: Ликвидиран командантот на специјалните сили на Хезболах

A1on

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов