СДСМ: СОНК да се врати на дијалогот, наставниците да се вратат на работните места

Од:

Во интерес на учениците и нивниот образовен процес, наставата мора да продолжи да се одвива непречено. Отсуството од наставата може да доведе до пролонгирање на школската година, негативно да влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит за околу 500 наставници рече на прес конференција пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ.

– Правото на штрајк е загарантирано, но интересот на децата мора да биде на прво место и до решение да се дојде преку дијалог. Имајќи предвид дека за време на штрајк на наставниците им се исплаќа само основната плата и придонесите. Поголеми плати во образованието ќе има. СДСМ преку Владата што ја предводи во континуитет покажува вистинска грижа за образованието. Затоа, уште еднаш апелираме СОНК да се врати на дијалогот, наставниците да се вратат на своите работни места и наставата да продолжи вели Коциќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана