45-годишната американка Тереза Виденер, јаде камења и парчиња карпи веќе 20 години. Од тогаш има конзумирано повеќе од 1.360 килограми камен.
Мајка е на две деца и тврди дека камењата и се најомилена храна. „Џим ме прави среќна, па сега јадам помалку камења. Но секој има лош ден, а јас тогаш јадам камења и се чувствувам подобро.
Го сакам вкусот на земјата, па понекогаш јадам и кал. Го кршам каменот и така го јадам“, вели Тереза. Тереза боледува од медицинска состојба, наречена „Pica“. Тие личности се опседнати со јадење необични предмети.