Руски ултиматум за бранителите на Мариупол: Положете го оржјето и ќе ве поштедиме

Од:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека животите на украинските сили кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат поштедени доколку го положат оружјето.

Русија претходно соопшти дека ги исчистила од отпор сите урбани области во Мариупол.

Се додава дека останатите борци во опколениот пристанишен град, за кои Русија вели дека се и украински и странски, се блокирани во фабриката за челик Азовстал.

Генерал полковник Михаил Мизинцев, директор на Рускиот национален центар за управување со одбраната, рече дека понудата на Москва е поттикната од „катастрофалната ситуација“ во фабриката, како и од „чисто хумани принципи“.

„Гарантираме дека животите на сите кои ќе го положат оружјето ќе бидат поштедени“, рече тој.

Според условите на предложениот договор, преостанатите бранители во фабриката треба да ја напуштат во периодот од 6 до 13 часот по московско време, без оружје и муниција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски