Очекувам Петков да биде иницијатор на промоцијата на македонската кулутура во Бугарија вели градоначалникот на Битола

Од:

Добрососедските односи се градат само со меѓусебно почитување и признавање, но никако со индиректни провокации и оживување на едно мрачно минато на кое потсетува името на Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ порачува градоначалникот на Битола Тони Коњановски по денешното отворање на културниот центар „Ванчо Михајлов“ на ко присустуваше премиерот на угарија Кирил Петков како предводник на делегацијата во која беа и потпреседателката Илијана Јотова и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

-Кога веќе централната власт и националното законодавство, дозволија во Општина Битола, да се регистрира и функционира ваков културен клуб, тогаш време е нашите источни соседи да овозможат вистински реципроцитет и да покажат почитување на правата на Македонците во Бугарија, можности за нивно културно изразување и негување на македонската култура и историја. Тогаш, кога ќе добиеме покана за присуство на отворање на Македонски културен клуб во Бугарија, дури тогаш ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат кој значи взаемно почитување и искрено пријателство. После посетата на денешниот настан во Битола, очекувам, премиерот Кирил Петков, да биде првиот иницијатор кој во Бугарија ќе го покрене прашањето за промоција на македонската култура, еднаквост и поголеми права на македонците кои живеат таму напиша коњановски на социјалните мрежи.

Петков на отворањето на културниот центар порача дека бугарската заедница во Македонија е мост меѓу двете земији додека Јотва и Генчовска порачаа дека само со решавање на правата на Бугарите, земјава ќе може да напредува кон Европската унија.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња

Излета автомобил со Кирил Петков, еден загинат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Петков: Не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби

А1он

СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Катерина Ѓуровски

Избори во Бугарија: Борисов со два проценти предност пред Петков, шест партии влегуваат во Парламентот

Катерина Ѓуровски