Петков: Бугарската заедница во Македонија е мост меѓу двете држави

Од:

Бугарската заедница во Македонија е мост меѓу двете држави рече премиерот на Бугарија Кирил Петков во обраќањето на отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Во бугарската делегација е и потпреседателката на нашиот источен сосед Илијана Јотова како и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

„Вашата благосостојба е гаранција за добри односи. Односите меѓу владите се подобруваат. Ковачевски, исто така, ја потенцира важноста на искоренување на говорот на омраза и на потребата бугарската заедница во Македонија да се чувствува целосно рамноправна. Денеска е денот на бугарскиот устав. Основен закон за заштита на слободите. Сметам дека уставните права на бугарската заедница се многу важни и се огромен чекор кон целосна рамноправност меѓу народите“ – рече Петков.

Според него, европската иднина на земјава е од големо значење за безбедноста на Балканот.

„Додека работат двете влади, сметам на бугарската заедница да помогне како мост и заедно да ги освоиме срцата и умовите на луѓето“, додаде Петков.

„Прво да се решат правата на Бугарите во Северна Македонија за земјата да стане дел од Европската Унија. Тоа е нашата позиција. Инаку се радувам што сум во Битола и сум дел од овој настан“, рече бугарската потпреседателка Илијана Јотова.

Слична порака порака испрати и шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска.

„Сите сили треба да бидат насочени кон решавање на правата на Бугарите во Северна Македонија, што впрочем е нашата основна цел“, истакна министерката за надворешни работи на Бугарија.

Во Битола во текот на посетата на бугарската делегација и поради отворањето на Културниот центар кој го носи името на контроверзниот лик Ванчо Михајлов се одржа мирен протест.

Претходно при слетувањето во Кравари, Петков беше пречекан со транспаренти на кои пишување „Гоце=Македонија“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Фашисти пресоблечени во администратори“.

Делегацијата предводена од премиерот Кирил Петков ќе го посети и Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола