СДСМ: Ако продолжи прекинот на наставата ќе има или пролонгирање на годината или ќе се надоместува во сабота

Од:

Прекинот на наставата може сериозно да се одрази врз наставниот процес и да им наштети на учениците.За негативните последици од прекинот на наставата предупреди и УНИЦЕФ, најголемата меѓународна организација за помош на децата во светот порачуваат од СДСМ.

-Ако се продолжи со прекин на наставата, учениците и наставниците ќе се соочат со пролонгирање на школската година или ќе мора изгубените часови да се надоместат со настава во сабота. Прекин на наставата може да им наштети на уписите, на државната матура, но и на околу петстотини наставници кои треба да полагаат стручен испит. Затоа апелираме СОНК да се врати на разговорите, да продолжи социјалниот дијалог, само така ќе може да се дојде до решение. За период од четири и пол години платите во образованието се зголемени од 3.200 до 6.400 денари. Раст на платите во образованието ќе има, како и досега заедно со сите засегнати страни низ дијалог ќе дојдеме до решение кое е во интерес на наставниците. Дијалогот ќе продолжи, наставниците ќе добијат повисоки плати, но во процесот на изнаоѓање решенија, учениците не смеат да трпат последици се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски