Германија суспендираше четири проекти во Република Српска во вредност од 105 милиони евра

Од:

Поради кршење на Дејтонскиот договор, Уставот и колапсот на институциите на БиХ од страна на властите во Република Српска, Германија во тој ентитет суспендираше четири проекти вредни 105 милиони евра.

Сараевскиот портал Кликс објави дека БиХ неодамна добила официјално известување од Германија дека земјата со голема загриженост ја следи политичката ситуација во таа земја, нагласувајќи дека „видлив е обид на отцепување на РС и нејзиното раководство“.

Се додава дека Германија во тоа известување навела дека потезите на Народното собрание на РС, кои ги повлекуваат од крајот на 2021 година, се неприфатливи, бидејќи имаат за цел да ја ослабнат државата, што беше оценето како „голема опасност“.

Во текстот понатаму се наведува дека поради тоа Германија, како еден вид санкции против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и раководството на РС, ќе суспендира четири инфраструктурни проекти во тој ентитет, додека „не се повлечат неуставните одлуки на Народното собрание на РС и не се стави крај на блокадата на државните институции“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“