Повеќе од 2,75 милиони бегалци од Украина влегле во Полска од почетокот на војната, соопшти денеска полската гранична стража.
Бројот на луѓе кои ја преминуваат границата со Полска значително се намали во последните неколку недели, а бројот на луѓе кои се враќаат во Украина се зголеми.
Вкупно 26.800 луѓе вчера влегле во Полска, што е за осум проценти повеќе од средата, напиша агенцијата на Твитер. Но, тоа е далеку под рекордот од 142.300, поставен на 6 март.
Просечниот дневен број на луѓе што ја преминувале границата од Украина во Полска пред почетокот на војната бил 16.800.
Некои бегалци веќе ја напуштија Полска. Професорот ‚ по миграциски студии Универзитетот во Варшава Мачеј Душчик проценуца дека во земјата останале од 1,2 до 1,4 милиони Украинци.
Извор: МИА