(ВИДЕО) Со протест се бараше правда за сообраќајката кај „Сити мол“: Доста беше тортурата и лудилото

Од:

Семејството на покојната Викторија Николова излезе на протест пред Кривичниот суд, заедно со роднини, пријатели и лица кои не се согласуваат со казната од три години за возачот кој ја прегази на пешачкиот премин кај „Сити мол“. Протестираа со пароли „Правда за Викторија“, „Стоп за сообраќајното насилство“, Убијци=судии“.

Сестрата на починатата Викторија, смета дека пресудата е нереална.

„Бараме нова пресуда со реални очекувања. Нема да запреме овде. Доста беше тортурата и лудилото. За вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет“, рече сестрата на Викторија.

Според адвокатот на семејството, пресудата од три години е неправда за сите и непочитување на институцијата Обвинителство и владеењето на правдата.

„Најголемата закана за правдата е неправда, ние кај нас во државата го имаме во изобилие тоа. Тоа го добивме и пред четири дена. Во предметот каде се расправаше за смртта на Викторија успеавме да видиме дека не се важни законите, ниту некој бара правда, ниту имаме владение на правото. Затоа за жал на улица бараме да се слушне гласот на народот. Пред 80 дена беше Викторија, утре може да биде секој од нас. За дело каде казната е од 4 до 20 години, ние имаме казна под законскиот минимум. Сметаме дека тоа е апсолутна неправда, дека Апелација треба да го слушне гласот на народот и доказите во постапката“, кажа адвокатот на семејството.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција