„СОНК убијци на деца“, градинка во Ѓорче испишана со пароли

Од:

„Убијци“, „Фашисти“, „СОНК убијци на деца“ се само дел од натписите испишани синоќа на ѕидовите од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. Ова доаѓа два дена по заканите за директорката и вработените во градинката.

Sидовите на објектот се ишарани во текот на ноќта. Состојбата утрово први ја затекнале вработените.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, бара итно пронаоѓање на сторителите.

„Го осудувам овој чин на вандализам насочен кон општествените добра. Ова се толкува како директен притисок и закана врз вработените во градинката. Апелирам до МВР под итно и во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и да ги санкционира“, вели градоначалникот Стојкоски.

Во текот на неделава, родител на две деца кои биле згрижени во градинката вербално напаѓаше вработени. За него беше неприфатливо решението, неговите деца поради штрајкот да бидат сместени во друг објект. МВР ќе истражува дали тој случај е поврзан со вандализмот од синоќа.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати