ВМРО-ДПМНЕ: Стејт Департментот нотира корупција во владините редови, напади на новинари, полициска бруталност – Власта на СДСМ носи само порази

Од:

„Стејт Департментот нотира корупција во владините редови, напади на новинари, полициска бруталност – Власта на СДСМ носи само порази. Владините функционери се подлежни на корупција. Такви примери имаме безброј. Доволно е само да ги погледнеме случаите на Рашковски и Зекири и да видиме како работела цела влада“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ крадат на сите ешалони, од полициски началник на граница, како примерот со Шкрета, до генерален секретар на влада.

Новинарите не се слободни да си ја извршуваат својата работа, тие се напаѓани, но и често мета на прогон на владините функционери.

Полициската бруталност е само продолжение како работи Спасовски, криминалците се на слобода, а се удира по обичен народ.

Вистинската слика за владата на СДСМ и ДУИ е многу криминал, и тоа е отсликано и во Извештајот на Стејт Департмент“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ