ОН: Во Украина од почетокот на руската инвазија убиени речиси 2.000 цивили, но вистинските бројки се „многу повисоки“

Од:

Бројот на загинати цивили во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари до 13 април изнесува 1.964, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права.

Вкупно 161 од загинатите се деца. Во истиот период повредени се 2613 цивили, од кои 252 се деца.

– Вистинските бројки се многу повисоки, нагласи Канцеларијата на ОН за човекови права и додаде дека „ескалацијата и постојаните судири во источните и јужните региони на Украина постојано ги зголемуваат хуманитарните потреби“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он