Во Античкиот театар во Охрид, вечер почнува дванаесеттото по ред издание на традиционалниот музички фестивал Balkan Music Square.
Фестивалот ќе го отвори виртуозот на хармоника Горан Алачки, а по него ќе настапи српската група „Златопис“ од Белград, предводена од рок легендата Љуба Нинковиќ.
Втората фестивалска вечер ќе ја отвори македонската група „Ла Колони Волвокс“, предводена од Сашо Гигов – Гиш, а веднаш по неа целовечерен концерт ќе одржи групата која ги освои срцата на Европа, на овогодинaшното издание на Евровизија во Малме, „Коза Мостра“ од Грција.