ЗНМ: Извештајот на Стејт Департментот со посебен фокус на безбедноста на новинарите

Од:

И оваа година во делот за медиумите и слободата на изразување Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), шест пати се референцира како организација која останува и понатаму ка кредибилен партнер која ги следи прекршувањата на правата на новинарите и медиумските работници во Македонија, велат од ЗНМ.

„Овој извештај ги потврдува наодите на ЗНМ поврзани со слободата на изразување и правата на новинарите и истиот треба да биде сериозно земен во предвид од страна на носителите на одлуките во земјата како и од страна на правосудните органи а со цел овозможување системска заштита на медиумските работници.

Во извештајот за 2021 година се вели дека земјата постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт Департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари како и дека одговорот од страна на властите во земјава за заштитата на новинарите и медиумските работници е бавен и неефикасен.

Во извештајот се нотирани речиси сите посериозни напади врз новинари за последните две години и истакнат е проблемот со неказнивост за насилствата врз новинарите, нешто за кое ЗНМ честопати алармираше во јавноста во изминатиот период. Покрај ова, во извештајот нотирано е и дека во изминатата година одговорот на органите за спроведување на законот и судските власти на случаите на насилство и заплашување на новинарите беше бавен и неефикасен.

Понатаму во извештајот се вели дека во декември 2020 година, Граѓанскиот суд во Скопје отфрлил неколку тужби за граѓански обештетување поднесени од група новинари и медиумски работници во април 2020 година, во кои тие барале финансиски надоместок од државата за прекршување на нивното право на слобода на говор во врска со случајот на 27ми април 2017 со настаните во парламентот. Извештајот нотира дека Судот ги отфрлил тужбите на новинарите Душица Мрѓа и Наташа Стојановска поради недостиг на докази. На 15ти април, Европската федерација на новинари се приклучи на нејзината членка ЗНМ, во барањето за оспорување на пресудата на судот од 2020 година со која се отфрла тужбата на поранешниот новинар Горан Трпеноски. Двете организации тврдеа дека пресудата ги прекршува европските правни стандарди за слободата на печатот и апелираа до судот да ја ревидира. Заклучно со 27 август, трите предмети беа во фаза на разгледување пред скопскиот Апелационен суд, а поврзаните тужби од четворица други новинари беа во тек пред Граѓанскиот суд во Скопје.

Во извештајот исто така е наведено дека во текот на годината имало случаи на физичко насилство, наводни закани и малтретирање на новинари. Заклучно со 27ми август, ЗНМ регистрирал два случаи на напади врз новинари. Едниот бил физички напад врз снимател на државната новинска агенција МИА од страна на демонстрантите кои учествувале на протестот на 26ти февруари против судските пресуди во судскиот процес „Монструм“. Другиот случај се однесува на повторени закани за смрт и силување од страна на лице идентификувано како Арбен Есати на Фејсбук во март против неколку локални новинари од Тетово. Извештајот појаснува дека по барање на ЗНМ, полицијата поднела кривична пријава против лицето за закана со насилство и од 27ми август предметот беше во постапка пред Јавното обвинителство. До ЗНМ пристигнале дополнителни 20 поплаки од новинари поврзани со навреди добиени додека биле на должност, несоодветно однесување на функционери од централна и локална власт или членови на политички партии, како и недостаток на институционална транспарентност.

Извештајот ги ја потврдува статистиката дека заклучно со 20 септември, Јавното обвинителство Скопје разгледало осум кривични пријави во кои се наведува дека однесувањето е криминализирано како „ширење расистички и/или ксенофобични материјали преку компјутерски систем“ според кривичниот законик. Обвинителите отфрлиле три од случаите и наредиле дополнителни истраги за преостанатите пет“, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје