ВМРО-ДПМНЕ: Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела влада

Од:

„Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела влада. Ељхам Шкрета, началникот кој беше уснимен како бара и зема мито од 120 евра на граница, е истиот тој кој се закануваше на социјалните медиуми, во одбрана на Заев и Спасовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Шкрета беше заштитник на Заев и Спасовски на социјалните мрежи. Дали тоа се должело на неговите нелегални активности и криминал кој го правел? Потребен беше странски медиум да открие криминал во МВР, наместо внатрешната контрола. Ова говори дека Шкрета е штитен од врвот на МВР.

Случајот со Шкрета е само еден пример како функционира оваа власт која е во срж корумпирана. На луѓе им се бара мито и се прави криминал од граница до генерален секретаријат на влада. Системот на СДСМ е трул, и го гризе општеството“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела