Уапсен напаѓачот кој рани десет луѓе во метро во Њујорк

Од:

Уапсен е мажот кој вчера со огнено оружје изврши напад во воз во метрото во Њујорк и рани десет луѓе. Френк Р. Џејмс (62) е приведен на Менхетен, изјави полициски претставник.

Претходно, напаѓачот на социјалните мрежи објавувал видеа на кои вели дека САД се расисти, преплавени со насилство и го критикува градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс. Тој зборувал и за неговата борба со ментална болест.

Вооружениот напаѓач активирал димни бомби во преполн вагон на метрото, а потоа со пиштол пукал најмалку 33 пати, соопшти полицијата.

Петорица од десетината ранети се во критична состојба, а на уште десет им е укажана помош од вдишување чад и повреди.

Напаѓачот избега за време на хаосот по нападот во метрото, но оставил многу траги и предмети, меѓу кои пиштол купен кај заложник и клучот од комбето што го изнајмил, и врз основа на тоа бил идентификуван и пронајден.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

(ВИДЕО) Маскиран млад човек пукаше кон таксист во Њујорк по расправија за плаќање на превозот

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ