Европската унија одобри дополнителна воена помош за Украина

Од:

Европската унија одобри дополнителни 543 милиони долари воена помош за Украина, со што вкупниот износ досега достигна 1,63 милијарди долари помош со цел земјата да се одбрани од руските сили.

Новиот пакет ќе го финансира снабдувањето со опрема и материјали за украинските вооружени сили, што вклучува „лична заштитна опрема, комплети за прва помош и гориво“.

– Додека Русија се подготвува за офанзива во источна Украина, од клучно значење е да продолжиме и да ја зајакнеме нашата воена поддршка за Украина со цел да ја одбраниме нејзината територија и население и да спречиме понатамошно страдање, рече Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва