Во Киев пристигнаа претседателите на Полска Анджеј Дуда, Литванија Гитанас Науседа, Летонија Егилс Левитс и Естонија Алар Карис.
Ова го соопшти Амбасадата на Естонија во Украина, пренесува Укринформ.
„Естонскиот претседател Алар Карис и неговите колеги – полскиот претседател Анджеј Дуда, литванскиот претседател Гитанас Науседа, летонскиот претседател Егилс Левитс – пристигнаа во Киев“, се вели во соопштението.
Во него се посочува дека се планирани средби со претседателот Володимир Зеленски и други украински претставници.
Пристигнувањето во Киев го потврди и претседателот на Полска, преку објава на Твитер.
Извор: МИА