СДСМ: Лефков да праша дали Мицкоски му се јавил на убиецот да се предаде?

Од:

„Без срам и перде ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го политизира убиството на младиот ракометар. И покрај тоа што случајот е расветлен, сторителите веднаш беа препознаени а потоа и приведени, тоа не ја спречи ВМРО-ДПМНЕ со денови да го политизира овој случај при тоа пласирајќи лажни вести и измислици“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

„По искривената логика на ВМРО-ДПМНЕ дека едно од лицата осомничени за убиството било пронајдено поради притисокот на јавноста, тогаш може Лефков треба да постави прашање дали Христијан Мицкоски му се јавил на убиецот и го натерал да се предаде?

Особено што во јавноста и низ медиумите се појавија фотографии каде осомниченото лице и Мицкоски се фотографирани во срдечна и пријателска атмосфера.

Помина времето кога убијци и сторители на кривични дела беа заштитени од политички партии, институциите, полицијата, обвинителството, денес постапуваат независно, професионално и неселективно во борбата против секаков вид на криминал.

Денес никој не е над законите, се постапува и санкционира секое кривично дело без разлика кој го сторил истото“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата