Досегашниот фудбалер на московски Спартак, Емануел Еменике од вчера и официјално е ново засилување за турскиот гигант Фенербахче.
Медиумите во Истанбул објавија дека, Фенербахче на име на обештетување на Спартак му исплатил сума од околу 13 милиони евра.
Инаку, нигерискиот фудбалер по втор пат ќе го носи дресот на Фенарбахче. Тој за Фенербахче настапуваше во 2011 година, но набргу го напушти клубот откако, изби аферата околу наместени натпревари поради кој „сино-жолтите“ беа казнети.
Еменике имаше одличен настап во рускиот тим Спартак за кој на 42 натпревари постигна 21 гол.