(ВИДЕО) Лефков: Убиецот на Тот е најден заради притисокот на јавноста

Од:

„Се наоѓаме на местото на убиството на ракометарот Тот, на ова место во четвртокот рано утрото до смрт бил претепан младиот спортист, а едниот од убијците се даде во бегство и Спасовски 6 дена не можеше да го пронајде. Шест дена убиецот е во бегство, за денеска под притисокот на јавноста и медиумите тој да биде пронајден. Спасовски не успеа да го обезбеди убиецот за органите на прогонот, тоа го стори јавноста и медиумите кои будно го следеа настанот“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека Спасовски немаше интерес убиецот да биде пронајден лесно може да се утврди и по неговите изјави, и изјавите од МВР преку соопштенија. Шест дена по ред Спасовски и МВР менуваа изјави и излегуваа со различни теории, кои сите беа претставувани како вистини, се додека медиумите не објавија видео снимка од убиството, па Спасовски само излезе и потврди дека имаат снимка. Значи беше потребно медиумите да ја објават снимката од која без сомнеж се гледа како е убиен, за Спасовски да почне да менува изјави.

Спасовски треба да одговори што правеле МВР од четвртокот рано утрото до попладнето кога вели дека излегле на терен, и зошто е оставен толку долг период, зошто веднаш не биле повикани сведоците, и не биле прегледани камерите, туку тоа се направило по неколку часа?

Дополнително Спасовски треба да одговори и дали во непосредна близина на настанот имало и полициски службеници кои не го спречиле настанот?

Ракометарот Тот можеби можел да биде спасен, доколку реакцијата на МВР била побрза, а со сигурност убиството ќе било расчистено уште првиот ден доколку Спасовски и КАРИЛ не го претставуваа убиството како несреќа, туку се насочеа кон расчистување на случајот.

Спасовски треба да одговори на овие прашања, а не да ја дефокусира јавноста со тоа дали дискотеката имала или немала лиценца. Тоа што неговите инспектори и инспекторите на Пазарна инспекција дремеле и не ја затвориле дискотеката, тоа не го уби Тот.

Смртта на човекот е прикривана од Спасовски и Ковачевски, тоа го пишуваа и хрватските медиуми. И одговорност за Спасовски мора да има. Оставка веднаш“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ