ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да си поднесе оставка, доволно ја замајува јавноста за убиството на Тот кое сакаа да го прикријат

Од:

„Оливер Спасовски уште повеќе се заплеткува со скандалозни изјави поврзани со убиството на ракометарот Денис Тот. Спасовски 5 дена после убиството кажува дека ја имаат снимката од убиството, откако целата јавност ја виде, а не објаснува зошто МВР два дена после убиството тврдеше дека немало насилство и информираше дека ракометарот не бил претепан“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски ни малку не ја убеди јавноста дека МВР не го заташкува случајот, туку напротив.

Впрочем, Спасовски 5 дена после настанот најави дека за едно од лицата се трага и дека после 5 дена „ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“?!

И реакцијата на МВР и ставовите кои МВР ги даваше за случајот говорат дека нешто се крие и се забошотува. Доволно Спасовски ја замајува јавноста. Затоа Спасовски треба да поднесе оставка веднаш“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела