ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ја прошири истрагата, Заев даваше насоки за приватизација на Пошти уште во 2020

Од:

„Генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, кој патем е и кумашин на Зоран Заев, не можел да направи криминал ако за тоа не знаел неговиот претпоставен. Се работи за криминал тежок еден милион евра кој што Зекири од позиција генерален секретар на влада го направил преку договор во четири очи без тендер со хрватски државјани кои ги ангажирал да му изработат „семинарски труд“ за приватизација на Македонски пошти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека Зоран Заев знаел за ваквите активности на Зекири посочува и фактот што Заев самиот најави дека неговата влада ќе подготвува приватизација на Македонски пошти. Заев уште во октомври 2020 најави дека работат на приватизација на ова претпријатие и на уште неколку други. Зекири го сторил делото во април 2021 година.

Веројатно Заев наредил, а Зекири спроведувал. Затоа надлежните органи мораат да ја прошират истрагата и да утврдат дали и колку од овие милион евра завршиле кај главата на мафијата во Македонија? Дополнително врз основа на насоката на Заев за приватизација на државни компании, обвинителството треба да испита дали е ова прв и единствен криминал на Зекири, или имало и други кривични дела пред ова, или потоа?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО