Руска Амбасада во Вашингтон: Ние немаме хемиско оружје од 2017 година

Од:

Руската амбасада во Вашингтон ги отфрли како „неосновани“, тезите на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, околу можноста за руско користење на хемиско оружје во Украина, јави агенцијата Тасс.

„Портпаролот на Стејт департментот зборуваше за можноста нашата земја да користи хемиско оружје во светло на наводните неуспеси на специјалната воена операција во Украина. Нед Прајс повторно настапи со празни реченици, што не ги поткрепи со ниту еден доказ“, објави руската амбасада.

Руските дипломати во САД тврдат дека „руските вооружени сили немаат и не можат да имаат, какво било хемиско оружје на располагање, бидејќи Русија ги елиминираше сите свои залихи на хемиско оружје, уште во 2017 година“.

„Информациите, потврдени од руското Министерство за одбрана, околу украински радикали, кои подготвуваат провокации со употреба на хемикалии, се вознемирувачки. Имаме прашања и за потеклото на тие супстанции“, пишува руската амбасада, повикувајќи го Вашингтон да „престане да шири дезинформации“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски