Јанша ги негира „инсинуациите“ дека неговата партија е финансирана од Унгарија

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска се осврна на тврдењата на опозицијата дека неговата партија индиректно се финансира од странство, преку политички мотивирани инвестиции од Унгарија и ги нарече „навредливи инсинуации“.

„Словенечката демократска партија не се финансира од странство и не добива средства незаконски“, рече Јанша, говорејќи како сведок на распитот пред специјалната парламентарна анкетна комисија што минатата година ја основа опозицијата за финансирање политички партии од странство.

Јанша ги нарече недокажани тврдењата дека неговата партија се финансира на незаконски начин или дека се работи за перење пари, а на седницата на комисијата неколку пати се закани дека ќе ја напушти салата доколку продолжат „ваквите инсинуации“.

Како што се наведува, станува збор за инвестиции од Унгарија во медиумите блиски до партијата на Јанша.

Јанша на распитот ги отфрли и сите сомнежи за заем што неговата партија го обезбедила пред четири години, пред тогашните парламентарни избори, од извесна претприемничка од Република Српска, која подоцна се откажала бидејќи се покажало дека не е во согласност со закон.

Исто така, Јанша рече дека не го познава украинскиот „проруски“ политичар Виктор Медведчук, за кој опозиционерите тврдеа дека отворено зборувал за финансиски „октопод“ создаден од луѓе блиски до Виктор Орбан во регионот, „финансирајќи некои медиуми во Словенија и Македонија“. Опозициските членови на комисијата сметаат дека станува збор за „руски пари за ширење политичка пропаганда во Европа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија