Мијалков се жали што е на „црна листа“ во САД: Верувам дека ќе ја корегираат одлуката

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, смета дека одлуката на САД да се најде на „црната листа“ не е исправна. Според него, дезинформација е тврдењето на Америка дека бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучуваат користење на неговото политичко влијание и службена моќ за лична корист.

„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна. Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани. Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, напиша Мијалков на Фејсбук.

Во своето службено својство на директор на УБК, Мијалков бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучуваат користење на неговото политичко влијание и службена моќ за лична корист. Поточно, има веродостојни информации дека Мијалков ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара мито во замена за владини договори и се мешал во изборните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Покрај Груевски и Мијалков, на листата е и Џемаљ Хисени, за кој пишува само дека е роден во селото Лојане.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор