Најмалку 25 жртви во тропската бура Меги на Филипините

Од:

Најмалку 25 лица загинаа во свлечишта и поплави предизвикани од тропската бура Меги, што ги погоди источниот и јужниот брег на Филипините, соопштија денеска властите во Манила.

На копното Меги предизвика ветрови со постојана јачина од 65, а налетите достигнуваа и 80 километри на час.

Ова е првата бура што го погоди архипелагот оваа година, каде има по околу 20 вакви катастрофи годишно.

Во источната провинција Лејте беа пронајдени телата на 22 лица кои биле затрупани под свлечиште, изјави Џомен Коладо, началник на полицијата на градот Бејбеј.

Националната агенција за катастрофи, која соопшти дека три лица загинале во јужниот регион Давао, информира дека жртвите сè уште не се идентификувани.

Коладо додаде дека поплавите предизвикале лизгање на земјиштето и оти спасувачките операции се во тек, бидејќи најмалку шест лица се водат како исчезнати.

Тропската бура Меги се очекува да ослаби до 45 километри на час и утре повторно да се повлече преку морето, соопшти метеоролошкиот завод на Филипините.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

A1on

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

(ВИДЕО) Невреме во Британија: Откажани се околу 140 летови, патници се блокирани во неколку градови

Горан Наумовски