Таткото на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, Лон ја пофали храброста на рускиот претседател Владимир Путин бидејќи му даде азил на неговиот син.
Лон Сноуден истакна дека е уверен оти Путин нема да го смени мислењето под притисок на Вашингтон, кој бара екстрадиција на Сноуден за да му се суди за шпионоажа.
– Претседателот Владимир Путин цврсто стои. Ја почитувам силата и ја почитувам храброста, истакна Лон Сноуден, алудирајќи на одлуката на американскиот претседател Барак Обама да го откаже билатералниот состанок со Путин, што требаше да се одржи во Москва во септември.
Лон Сноуден ја критикуваше администрацијата на Обама поради водењето на случајот на неговиот син, поради што Едвард мораше да побара азил.
Таткото на Едвард Сноуден планира во текот на месецот да ја посети Русија. Тој тврди дека со Едвард не разговарал откако ги напуштил САД и заминал во Хонг Конг пред да бидат откриени информациите за електронската програма за следење на американската Национална безбедносна агенција.