Британски глумец бара на Русија да и се одземе организацијата на зимската олимпијада

Од:

Британскиот театарски и телевизиски глумец Стивен Фрај побара од премиерот Дејвид Камерон да го подржи барањето на Русија да и се одземе организацијата на зимските Олимписки игри, поради „новите антихомосексуални закони“ во оваа земја.

Во отворено писмо до Камерон, како и до Меѓународниот олимписки комитет и до лорд Коу, претседател на организациониот комитет на лондонската Олимпијада, Фрај тврди дека руската држава „направила од хомосексуалците во оваа земја жртвени јарци“. Во Русија е забрането и казниво на лица помлади од 18 години да им се даваат информации за хомосексуалноста.

Во кусото соопштение на кабинетот на премиерот Дејвид Камерон во Даунинг стрит 10 се вели дека владата на Велика Британија „тесно соработува со организаторите на зимската Олимпијада таа да биде ослободена од секаков облик на дискриминација“.

Зимските Олимписки игри ќе се одржат во Сочи во февруари следната година. Стивен Фрај кој е припадник на британската геј заедница најавува силна кампања против Игрите во Русија.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?