Десет жени загинаа при експлозија на гробишта во Авганистан

Од:

Најмалку 10 жени загинаа денеска при експлозија на гробишта во источниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Нападот се случил на првиот ден од празникот Рамазан Бајрам кога голем број муслимани ги посетуваат гробиштата.

Полицијата засега не може да потврди која е причината за експлозијата во областа Гани кел во провинцијата Нангархар.

– Експлозијата се случи на гробишта. Десет жени загинаа, а уште една жена и дете се повредени, изјави портпаролот на локалната полиција Хазрат Хусеин Машрикивал.

По повод Рамазан Бајрам авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги повика талибанските бунтовници да ги прекинат нападите.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан