Претседателството на владејачката црногорска Демократска партија на социјалистите (ДПС) ќе бара скратување на мандатот на црногорскиот Парламент, со цел да се создадат услови за одржување предвремени избори.
Оваа одлука е донесена синоќа, а како што соопшти партијата постигнат е принципиелен договор со Социјалдеморкатската партија за коалициско учество на претстојните парламентарни избори.
ДПС смета дека следната фаза од евроинтеграцијата на Црна Гора треба да се води од влада, која штотуку го почнала својот мандат.
На седницата на Претседателството на ДПС не било дискутирано за истовремено спроведување на парламентарните и претседателските избори.
Редовните парламентарни и претседателски избори во Црна Гора треба да се одржат следната пролет, но станува се поверојатно дека тие ќе бидат одржани оваа есен. а