Ковачевски: Интересите на учениците се на прво место, дијалогот е единствен пат до решение

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски со порака на социјалните мрежи ги повика наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес.

Ковачевски во својот апел уште порачува дека правото на штрајк е загарантирано право, но дека социјалниот дијалог е единствениот пат до заеднички решенија, како што беа постигнати и договорите за минималната плата и за пензиите.

„Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес. Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат. По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот. Правото на штрајк е загарантирано право и јас целосно го почитувам. Но социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија“, напиша Ковачевски.

Потсетува дека така е постигнат договорот за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик.

„Оваа Влада докажа дека има слух за барањата и не бега од решенија. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите, па така платите на наставниците кумулативно се покачени за 21% во последните четири години. Но, Владата мора одговорно да го менаџира буџетот и да се грижи за економијата. Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени“, додава Ковачевски.

Апелира, како што вели, да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение.

„Во време на огромна економска криза апелирам на разум и поддршка за заедничко надминување на проблемите. Законските прописи ги штитат и интересите на учениците, и затоа настава мора да се организира и за време на штрајк. Да не оставаме празнина во образованието на децата, за сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни“, напиша премиерот Ковачевски на социјалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати