Французите кои живеат во најголемиот кинески град Шангај, нема да можат да гласаат во првиот круг од претседателските избори што започна утринава, поради карантинот воведен поради новиот бран на Ковид-19, објавија француските медиуми.
Изминатата недела Шангај е целосно затворен поради ширењето на коронавирусот.
Во тој град живее најголемата заедница на Французи во континентална Кина, каде има 5.200 регистрирани гласачи, кои во анкетите му изразија мнозинска поддршка на актуелниот претседател Емануел Макрон.
Извор: МИА