ВМРО-ДПМНЕ: Вработените во образованието мора да го добијат заслуженото покачување на платите согласно Колективниот договор

Од:

„Вработените во образованието мора да го добијат заслуженото покачување на платите согласно Колективниот договор. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува штрајкот за повисоки плати и бара од власта да направи нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Синдикатот има целосно право да го изрази своето право на револт и да бара реализација за правата на работниците кои треба да им следуваат.

Власта наместо да врши притисоци врз синдикатите и работниците, треба да ги исполни ветувањата за повисоки плати. Да не измислуваат изговори дека не може да ги покачат платите, затоа деновиве што гледаме како државни функционери правеле матни зделки со пари кои можат да се наменат за покачување на плати, а не да завршуваат во џебовите на владините функционери.

Во државата се случува целосен хаос и колапс заради неспособноста, криминалот и лакомоста на власта.

Додека власта носи розеви наочари дека сите живеат убаво, во реалноста протестираат вработените во градинките, основните и средните училишта, државните службеници, матичните лекари, вработените во пошта, а наскоро ќе штрајкуваат сите, практично штрајкуваат сите работници во Македонија.

Во меѓувреме инфлацијата вртоглаво расте и таа се искачи на 8,8% во март, а споредено со минатата година цените на горивата се покачени за 70%, лебот е поскап за 110%, додека маслото за јадење над 30% и практични сите основни намирници поскапени од 30% до 50%

Заради погрешните политики на владата предводена од СДСМ имаме и покачување на електричната енергија од 30%, а парното за 15%.

Граѓаните едвај ги подмируваат основните трошоци и едвај преживуваат, додека власта нема слух да им го овозможи заслуженото покачување на платите.

Со СДСМ и ДУИ имаме држава која се распаѓа, видовме како го апсат секретарот на Влада затоа што земал мито, а постојат сомнежи за уште десетици вакви криминални случаи.

Со секој изминат ден со оваа влада Македонија и граѓаните се повеќе осиромашуваат и уназадуваат. Државата повеќе не смее да тоне и единствен излез се предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет