Познатиот режисер Џејмс Камерон ги отфрли тврдењата на многумина кои велат дека ја украл идејата за филмот „Аватар”. Тој одлучи да поднесе контра-тужба и барање за разрешување на пријава вредна две милијарди долари.
Писателот на научна фантастика Брајант Мур во декември минатата година поднесе тужба против Камерон и го обвини дека ја украл неговата идеја за филмот.
Како што е наведено документот, Камерон позајменил некои идеи од Мур, светликавата флора и фауна, атмосферата непогодна за луѓето, духовна врска со животната средина и реинкарнација.
Камерон тврди дека не позајмил ништо, т.е. не украл ништо. Според неговите зборови, филмовите се оригинални и негови и нема апсолутно ништо слично со текстовите на Мур.