Нехамер најавува „заострување на санкциите спрема Русија додека не прекине војната“

Од:

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Киев, каде што разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека „новиот пакет санкции против Русија нема да биде последен, туку санкциите ќе се заоструваат додека не заврши војната“.

Нехамер истакна дека Австрија, сепак, го отфрла ембаргото за увоз на нафта од Русија.

Тој потсети дека целта на санкциите е да бидат погодени оние против кои се воведени, а не да се ослабнат оние кои се воведуваат. Според него, забраната за испорака на гас од Русија би имала тешки економски и социјални последици во Австрија.

Нехамер рече дека механизмите на новите санкции може да бидат уште подетални и дека, на пример, може да се воведе ембарго за испорака на технички делови за Русија, неопходни за воените авиони.

Зеленски по средбата со австрискиот канцелар побара нови санкции против Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа