(ВИДЕО) Арсовски: Кој делел од милионите на Зекири кои ги крадел од Влада?

Од:

„Ограбувањето на државата и граѓаните од страна на Владата на СДСМ не престанува откако постои СДСМ, а најинтензивно се гледа и се чувствува на кожата на граѓаните последниве 5 години. Генералниот Секретаријат на Владата на СДСМ е дувло на корупцијата и криминалот во Македонија. И тоа го говоревме од првиот ден и тоа се испостави дека е така“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„После Рашковски и Мухамед Зекири е осомничен за злоупотреба на службена должност и проневера на речиси 1 милион евра. И двајцата делото го сториле како генерални секретари на Влада именувани од Зоран Заев и двајцата се луѓе блиски луѓе на Зоран Заев. Едниот му е близок пријател, а другиот кумашин. Бидете сигурни дека и тој кој ќе биде назначен после Мухамед Зекири што ќе го стават, ќе заврши со кривична пријава. Тоа е така само затоа што криминалот и корупцијата им е основа на работење на СДСМ и на оваа влада предводена од СДСМ.

Шемата била слична како на Рашковски. Рашковски сам на себе си продаде софтвер и го плати со народни пари, а во случајот со Зекири кој отиде во притвор направена е злоупотреба на службената положба и без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка односно тендер, склучил договор за консултантски услуги кој изнесува околу 1 милион евра.

Имено како што се пренесува во јавноста Зекири и двајца хрватски државјани во договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти тежок речиси 1 милион евра, бил воден како семинарски труд.

Мухамед Зекири во 4 очи, без тендер во коруптивен договор со хрватските државјани за 1 милион евра правел фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Македонски Пошти, или како што велат семинарски труд, компанија која едвај врзува крај со крај и која нема пари да исплати плати на вработените. Замислете овие 1 милион евра да биле инвестирани во Македонски Пошти, наместо во џебот на Мухамед Зекири и СДСМ, оваа институција и вработените ќе процветале.

Мухамед Зекири е човекот за кој чаршијата говори дека е вмешан и во безброј нелегални операции, кои што се водени од разно разни мафијаши блиски нему. Но за тоа треба да истражи обвинителството и да докаже дали е тоа така.

Ова милионско крадење на Зекири исто како и Рашковски не го правел сам на своја рака. Зад ова стои нивниот лоповски гуру и затоа мора да се прошири истрагата. Сите знаете кој е тој лоповски гуру.

Дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а тој да не знае со години? Или пак да преформулирам, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро?

Затоа повторно прашуваме, дали и колку од парите кои ги земал Мухамед Зекири околу 1 милион евра завршиле во џебот на кумашинот Заев и или кај новиот шеф Ковачевски? За ова мора да се огласат јавно институциите и да прекинат да спијат и да прекинат да ги кријат криминалците од СДСМ не само еден човек одговара, туку да одговараат сите вмешани во целиот случај.

Ова е одговорот, целиот овој случај кој вчера го гледавме по медиумите, зошто Македонија е најкорупмпираната држава во Европа. Ова е одговорот зошто Македонија е најсиромашната држава во Европа. Ова е одговорот зошто народот тоне во сиромаштија, а голтарите од СДСМ и ДУИ во власта се претвораат во милионери“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ