Во САД денеска се одбележува 110-годишнината од првиот климатизер. На овој ден во 1902 година за прв пат во една бруклинска печатница почна да работи систем за поддршка на определена температура на воздухот.
Производителот на ова техничко чудо на 20-от век е Вилис Хевиленд Кериер, кој во тоа време штотуку наполнил 25 години. Иновацијата ја нарекол „апарат за обработка на воздухот“.
Како што се гледа од архивските документи, климатизерот не бил создаден за задоволството на луѓето, туку за потребите на печатниците и поточно за „отстранување на влажноста, која му пречи на типографскиот печат“.
Најголемо признание овие климатизери добиле во текстилните фабрики во јужните држави. Тие го стабилизирале нивото на влага, што многу го подобрило производството на памучни ткаења. Освен тоа, агрегатот за прв пат обезбедувал ладење во халите. По поставувањето на „разладувачите“ овие простории веќе не биле сметани за максимално опасни за избувнување пожари, како што било дотогаш.
Првиот домашен климатизер, според конструкција на Кериер, бил монтиран во 1914 година во Минеаполис.
Во 1915 година Кериер основал компанија која ја нарекол според презимето на семејството. Нејизното производство многу се бара и до ден денешен. Компанијата Carrier произведува климатизери и ладилници за меѓуконтинентални океански бродови. Во неговите фирми работат над 45.000 работници и службеници, а годишниот обрт е над 12 милијарди долари.