Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани.
Шефицата на ЕК на украинскиот претседател му врачи прашалник што ќе биде појдовна точка за ЕУ за одлуката за членството на Киев.
-Нема тоа да биде, како што е вообичаено, прашање на години за да се формира мислењето, туку мислам дека ќе биде прашање на недели, рече таа.
Зеленски кажа дека ќе се врати со одговорите за една недела.
Фон дер Лајен укажа и на важноста на санкциите против Русија поради инвазијата на Украина.
-Русија ќе потоне економски, финансиски и технолошки, додека Украина маршира кон европската иднина, јас го гледам тоа, рече фон дер Лајен.
Извор: МИА