Џонсон: Европа што ја знаевме до пред шест недели веќе не постои

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одржаа заедничка прес-конференција во Лондон на која Џонсон кажа дека и Велика Британија и Германија делат чувство на „ужас и одбивност“ кон „бруталноста што ја претрпе украинскиот народ“, што го вклучува и утринскиот ракетен напад врз цивилите во украинскиот град Краматорск.

Џонсон кажа дека нападот од утринава на железничка станица во источна Украина покажува „колку длабоко потонала војската на Путин“.

-Воено злосторство е да се напаѓаат цивили. Злосторствата извршени во Украина нема да останат неказнети, рече Џонсон.

Џонсон повтори дека „Путин не смее да успее“ и најави нови британски санкции против Русија, што се однесуваат на замрзнувањето имот и забрана за патување.

Тој го пофали својот германски колега за неговата „решителност да стави крај на зависноста од руската енергија“ и додаде дека „тоа не е лесно за никој од нас и затоа ги поздравувам историските одлуки донесени од владата на Шолц да се оддалечи од руската енергија“.

Џонсон додаде дека Германија и Велика Британија им се придружиле на десетиците земји кои испраќаат оружје и заштитна опрема како шлемови и панцири во Украина.

-Европа каква што ја знаевме до пред само шест недели веќе не постои. Инвазијата на Путин е удар врз темелите на безбедноста на нашиот континент, но неговата желба да не подели очигледно не вроди со плод, рече Џонсон.

„Напротив, Путин ја обедини Европа и целата трансатлантска Алијанса за поддршка на Украина и взаемна солидарност“, кажа тој, додавајќи дека Велика Британија ќе испрати уште оружје во Украина, во вредност од 100 милиони фунти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Сирски: Сојузниците се решени да ја поддржат долгорочната безбедност на Украина и Европа

Во Украина е прогласен Ден на жалост поради ракетниот напад на Кривји Рих

Зеленски: Само со координирана акција со партнерите на Украина може да се запрат убиствата

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата