Во Бугарија уапсена поранешна романска министерка осудена на шест години затвор

Од:

Поранешната романска министерка за туризам Елена Удрија, која вчера беше осудена на шест години затвор за корупција, е уапсена во Бугарија и ќе биде предадена на романските власти.

На 7 април националната бугарска полиција добила итно барање за помош од романските полициски власти со цел да лоцира автомобил и патници во земјата, соопшти МВР во Софија.

Извршена била итна координација со Граничната полиција за да се спречи министерката да ја напушти државата или да избега. Од преземените дејствија било констатирано дека бараното лице се наоѓа на подрачјето на граничниот премин Кулата, за што веднаш биле известени вработените на граничниот премин. Известени биле надлежните романски органи да го идентификуваат бараното лице. Веднаш била распишана европска потерница.

Според добиените информации, бараното лице во својство на министер за регионален развој и туризам во периодот од 2010 година до крајот на 2011 година извршило низа дејствија со цел стекнување имотна корист. Како резултат на тоа, повеќе од 12.000.000 романски леи и 1.100.000 евра биле добиени како поткуп од различни компании. Министерката во моментов е во притвор до 24 часа, јави Бгнес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар