Kалифорниската нојз панк супергрупа Deerhoof на „Здраво млади“

Од:

Од денеска во продажба се билетите за 12. издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“, средба закажана за 3 септември во паркот МКЦ, соопштија од Младинскиот културен центар.

Овогодишното издание на фестивалот за нова музика „Здраво млади“ повторно како и секоја година, ќе изобилува со познати имиња од европската и светска музичка сцена, со огромна поддршка од локални артисти чија матична сцена се гради токму во МКЦ.

Во тој контекст, МКЦ го најавува и првиот бенд за 12. издание на „Здраво млади“: Deerhoof, калифорниската нојз панк супергрупа оформени далечната 1994 година.

„Со над 18 космички албуми кои се истовремено и експериментални и поп, Deerhoof отсекогаш трагале по смели приказни и радикални звуци, создавајќи во процесот свој револуционерен јазик за разбирање со публиката. Нивниот албум од 2020 насловен како Future Teenage Cave Artists, критичарите го оценија како омниприсутен, илустрација на лична бајковита визија од постапокалиптични мелодии кои одѕвонуваат во глава, украсен со крајно невообичаени дигитални методи на снимање. Неговото продолжение Love-Lore пак, претставува мозаично љубовно писмо со обработки од песни во живо на артисти како Parliament, Sun Ra, Stockhausen, канализирани во антитоталитарни пораки кои го инспирирале бендот.

Нивниот последен албум, Actually, You Can е жанровски најразновиден и во основа пружа најколоритна вибрантност. За овој албум бендот вели: ‘Замислете ја сета убавина, позитивност и љубов на светот која секојдневно се прогласува за грда, негативна и омразена од само прокламираните чувари на ‘здравиот разум’. Тешко дека ние ќе сме виновни за уништување на општеството со разоружување на нивните колонијални економии и затвори и родови улоги и естетика. Напротив, така ќе сме дел од неговото создавање!”, се вели во најавата на МКЦ.

Deerhoof во минатото биле и на заедничка турнеја со познатите Radiohead.

Билетите за овогодишното издание на фестивалот може да се набават онлајн преку bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ со почетна цена од 500 денари.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје