„Рено“ се откажува од моделот „Твинго РС“

Од:

Францускиот производител на автомобили го прекина производството  на моделот „Рено Спорт Твинго 133“, што воедно беше последниот „РС“ автомобил со атмосферски мотор.


Како што пишува „Car magazine“, тоа истовремено би можело да биде крај како за „РС“ моделите со атмосферски мотори, така и за „Твинго РС“, чија трета генерација се очекува во 2014 година.


Една од причините за укинување на спортската верзија на најмалиот модел на „Рено“ може да лежи во претпоставката дека наследникот на актуелниот модел место преден ќе има погон на задните тркала, за што сведочат концептите „Twin’Z“ и „Twin’Run“.


Наводно, шефовите на „Рено“ сметат дека така силен и лесен автомобил како што е „Твинго РС“ со заден погон ќе претставува преголем залак и потенцијална опасност за младите и неискусни возачи, кои се целна група кога станува збор за овој градски модел.


Конечната одлука се уште не е донесена, а ако „Рено“, сепак, се одлучи на купувачите да им понуди „Твинго РС“ и во следната генерација од овој модел, место атмосферски под хаубата може да се најде 0.9-литарски турбо-полнет трицилиндричен мотор, што ќе ги   задоволува идните ЕУ регулативи за штетни емисии на гасови.


Според некои навестувања, „Твинго“ за 2014 година треба да се произведуви исклучиво во  верзија со пет врати, што ќе значи дека и „РС“ моделот ќе има иста таква кабина.


Во секој случај, ако во „Рено“, сепак, се одлучат да продолжат со производството на „Твинго РС“, тоа најверојатно ќе биде еден целосно поинаков автомобил во однос на актуелната генерација.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска