„Хјундаи“ ја претстави новата генерација на моделот и10. Најмалиот модел на јужнокорејскиот производител на автомобили својата светска премиера ќе ја има на Саемот во Франкфурт.
Новата генерација на моделот и10 дизјанот го презема од поголемите модели на „Хјундаи“, а во однос на својот претходник новиот модел е пораснат за 8 сантиметри во должина, 6,5 во широчина и 5 сантиметри во висина.
Меѓуоскиното растојание е зголемено за половина сантиметар, а багажниот простор за 10 отсто, така што сега изнесува 252 литри.
„Хјундаи“ тврди дека новиот и10 сега располага со најголем багажен и простор за нозете на патниците во задниот дел, во однос на конкуренцијата.
Конкретни технички спецификации се уште нема, но познато се дека и10 ќе биде достапен со 1,0 литарски мотор со три цилиндри и 1,25 литарски четирицилиндарски бензински мотор.
Производството почнува идниот месец во турските производствени капацитети на компанијата во Измир.