Германија сепак не ја укинува мерката карантин за инфицираните со коронавирусот

Од:

Германскиот министер за здравство, Карл Лутербах, изјави дека нема да биде укинат карантинот за лицата заразени со коронавирусот, најавен за 1 мај.

Лутербах неодамна најави дека од идниот месец ќе биде укинат карантинот за лицата заразени со корона, како и дека изолацијата ќе биде на доброволна основа, но денеска појасни дека се откажал од плановите за укинување на карантинот.

„Ќе остане само скратениот карантин од пет дена“, изјави тој за германската телевизија „Зе-Де-Еф“.

Лутербах смета дека укинувањето на карантинот би можело да биде корисно за вработените во здравствените установи, но негативни биле сигналите од намерата инфицираните сами да решаваат дали ќе одат во карантин, што го натерало да ја повлече мерката.

Според него, најавата за укинувањето на карантинот била протолкувана како короната да не е опасна, што не е корисно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува