Врие во ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Од:

Членови на партијата од Струга кои беа и се уште се на високи функции во градот со остри реакции до новото општинско раководство на партијата и пратеничката од Струга во македонскиот парламент. Ова доаѓа по смената на двајца директори од редовите на ВМРО- ДПМНЕ во Струга во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“.

Од функцијата директор на „Нико Нестор“ е разрешен Васил Максимовски иако се чека уште на завршување на потребните формално правни процедури, а од позицијата заменик директор во гимназијата „Ибраим Темо“ пред неколку дена е разрешена и Соња Столеска кадар на ВМРО-ДПМНЕ. На својот Фејсбук профил Столевска напиша:

„За сите оние кои шпекулираат за мојата смена сакам да ви кажам дека на барање на пратеничката и претседателот на Општинскиот комитет, местото помошник. Директор во струшката гимназија е дадено на СДСМ, без никој тоа да го побара од нив,посебно не е побарано од градоначалникот. Назначен е професорот Јовица Попоски кој е одличен работник и посебно истакнат професор,млад и способен. На сите ви е јасно дека местото го добив од чисто здравствени причини“, вели Столеска.

Screenshot_2

Во партиските кулуари се шпекулира и со смени на други директори од директорските места во дел од основните училишта во Струга кои се кадар на ВМРО- ДПМНЕ.

Директорката на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во село Дрслајца, Жана Димовска вели тие кои биле носители на партијата во Струга од 1990 година биле целосно потиснати.

Ние кои што сме базата, носителите и јадрото на ВМРО- ДПМНЕ во Струга почнувајки од 1990 година па до денес не сме консултирани за никакви договори и одлуки кои се носат од страна на ОК, ниту пак учествуваме во некакви коалиции или коалициони договори. Едноставно тие работат онака како што имаат замислено.

Потиснати сме од оние кои се сосема нови во ВМРО-ДПМНЕ во Струга, а кои се блиски другари, соработници односно полтрони на пратеничката“ изјави Димовска.

Пратеничката Лилјана Затуроска денеска не беше достапна за коментар и не одговараше на телефонските повици на А1он.

Не одговараше телефонски ниту претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, Перо Петкоски. Градоначалникот на Струга, Зијадин Села рече дека засега нема никаков договор со ниту една партија во Струга.

Мики Тајковски

Би можело да ве интересира

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија