Арифи апелира рационално да се користи водата за пиење

Од:

Градоначалникот на Тетово, Теута Арифи денеска на прес – конференција уште еднаш упати апел до жителите за рационално користење на водата за пиење.

Со моменталните количини што доаѓаат до градскиот водовод од нешто под 500 литри вода во секунда, појасни, има доволно вода за задоволување на потребите на Тетово само под услов доколку таа се користи наменски за пиење и за домаќинствата, а не и за миење на улиците и тротоарите, вадење на дворовите и други непотребни во овие услови активности.

– Поради ваквите постапки на поединци погорните делови од градот и дел од висококатниците се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, а ако ваквата состојба со нерационалното трошење на водата продолжи и во следниот период со недостиг на вода ќе се соочат и жителите во долниот дел од градот, рече Арифи.
Таа најави дека општинските инспекции на терен ќе утврдуваат дали се злоупотребува водата за пиење по што против сите прекршители ќе бидат презмени соодветни санкции.

Во однос на трајното решавање на овој проблем Арифи најави дека во текот на оваа година општината преку изградба на пречистителна станица ќе се обиде да придонесе за зголемување на количините вода додека за следната година се очекува со средства од буџетот на државата да се заврши проектот за зафаќање на изворите на реката Пена и Студена река кој чини околу 2,5 милиони евра и со кој се очекува да се обезбедат дополнителни 200 литри вода во секунда за Тетово.

Би можело да ве интересира

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Пожар во касарната во Тетово, повредени се двајца војници

Горан Наумовски

Започнува Меѓународниот филмски фестивал ВачАут (WatchОut) во Тетово