Албанскиот претседател Илир Мета по денешната средба во Софија со бугарскиот шеф на државата Румен Радев изјави дека е многу важно да се зајакне партнерството „како никогаш досега“
– Горд сум што нашата соработка со вас е многу блиска. Сега ги поздравуваме вашите напори како важна членка на НАТО алијансата, додаде Мета.
– Стабилноста на Западен Балкан е многу важна за нас, како и за Бугарија, додаде тој.
Мета и се заблагодари на Бугарија за нејзиниот однос кон преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
– Тоа е корисен стратешки пристап. Убеден сум дека ќе продолжите да давате важен придонес и да бидете пример за нашите земји кои сакаат да станат членки на Европската унија, рече Мета.
Бугарскиот претседател нагласи дека државата поддржува почеток на безусловните преговори на Албанија со ЕУ. Албанија ќе испрати вод да се приклучи на мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија.
Радев рече дека разговарал со Илир Мета за голем број важни прашања за двете земји – зајакнување на безбедноста во регионот, зајакнување на трговската, културната и образовната размена меѓу Бугарија и Албанија и интеграцијата на ЕУ во Западен Балкан.
Извор: МИА