Анализа: Паѓаат каматите за депозитите и за кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања!

Од:

Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1%. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9% во февруари, пишува Порталб. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите.

Камати на депозити – во банките лежат 7,49 милијарди евра штедни влогови…

Просечната каматна стапка на депозитите во јануари 2022 година изнесуваше 0,71%. Оваа камата е најниска што е измерена на месечно ниво од јануари 2021 та. Каматите за штедење изминатите години бележат континуиран пад – особено за новопримените депозити на фирмите. Намалување на каматите има и за депозитите на граѓаните.

Во јануари вкупните депозити во банките изнесувале 7,49 милијарди евра додека во првиот месец од годинава биле на ниво од 7,53 милијарди евра. Во јануари и во февруари , на месечно ниво, регистрирано е намалување на депозитната база, односно намалување на шедењето.

Конкретно во февруари депозитите на месечно ниво се намалиле за 0,4% додека во јануари за 0,8% пришто позначаен пад има на депозитите на корпоративниот сектор.

Само кај депозитите на корпоративниот сектор во јануари е регистриран пад од 3,1% а во февруари за 2,5%. Според анализите од Народната банка намалуавњето на депозитите се оценува како очекувано за првиот месец од годината.

„Вкупните депозити во финансискиот систем во јануари 2022 година остварија месечен пад од 0,8%, наспроти растот од 2,5% во претходниот месец, што е вообичаено движење за овој период. Од секторски аспект, промената е резултат на намалувањето на депозитите на претпријатијата, при речиси непроменета состојба на депозитите на домаќинствата“ – соопштија од НБМ.

Сепак трендот на намалување на депозитината база продолжи и во вториот месец од годинава а падот кај корпоративниот сектор е последица на намалување на депозитните пари, состојба која е очекувана во услови на прелеана економска криза во која компаниите трошат од депозитите за одржување на работата, односно ликвидноста. Сепак на годишно ниво кај вкупните депозити во февруари регистриран е раст од 6,1%.

Камати на кредити – раст на кредитирањето…

Во февруари граѓаните и фирмите по основ на кредити во банките должеле 6,3 милијарди евра. За разлика од јануари кога на месечно ниво има стагнација на кредитирањето, во февруари е регистриран пораст од 0,9%. На годишно ниво кредитирањето во февруари е со стапка на раст од 8,9%

Додека каматите за штедење не можат да надминат 1% – просечната камата за кредити изнесува 4,35%.

“Во јануари 2022 година, каматните стапки на вкупните кредити на домаќинствата и на претпријатијата не забележаа промени во однос на претходниот месец и изнесуваа 5,2% и 3,5%, соодветно. Каматните стапки на новоодобрените кредити на претпријатијата и на домаќинствата се зголемија во однос на претходниот месец и изнесуваа 3,5% и 4,4%, соодветно“ – велат од НБМ.

Иако и сегашните камати за кредитирање се сметаат за ниски, граѓаните и фирмите внимателно се задолжувале во првите два месеци од годинава.

„Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити како најзастапена категорија се зголемија за 0,5% на месечна основа, при годишен раст од 7,2%. Станбените кредити во февруари бележат месечен и годишен раст од 1,1% и 15,5%, соодветно. Кај автомобилските кредити, во февруари, е остварено месечно и годишно намалување од 2,3% и 15,6%.

Граѓаните внимателни и со задолжувања преку кредитни картички и негативни салда на теквни сметки – на годишно и на месечно ниво кредитите одобрени на кредитни картички се со пад 0,9% на месечно и и 5,7% на годишно ниво. Според последните оценки на банкарите тие очекуваа зголемена кредитна активност во првото тромесечје од годинава кое веќе заврши. Иако оваа година се очекуваше зголемување на економската активност – прогнозите сега се засенети од воената состојба во Украина, присутната енергетска криза и инфлациските движења.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска